fbpx

За ХОРИЗОНТИ Микрокредитирање

ХОРИЗОНТИ е основан во Јануари 2000 год., како проект за микрокредитирање на Catholic Relief Services U.S.C.C. (Католички Служби за Помош – ЦРС), во Р.Македонија. Примарни цели на проектот беа обезбедување пристап до финасиски услуги – микрокредити до претприемачите во земјава и создавање на локална самоодржлива микрофинасиска институција. Проектот беше финансиски и технички поддржан од страна на ЦРС и други познати и реномирани меѓународни донатори. Во Јуни 2005, проектот се локализира со основање на микрокредитна фондација ХОРИЗОНТИ, согласно Законот за Здруженија на Граѓани и Фондации. Основач на фондацијата е ЦРС.

Од почетокот на своето работење ХОРИЗОНТИ овозможи финансиска поддршка на преку 10,000 корисници меѓу кои: сопственици на мали бизниси, индивидуални земјоделци и  население со потреби во домувањето. Целта на оваа поддршка е унапредување на економските активности на клиентите и подобрување на животниот стандард.

КРЕДИТЕН КАЛКУЛАТОР

експозитури

 

Микрокредитна Фондација ХОРИЗОНТИ
бул. Св. Климент Охридски 58Б, влез 2, кат 3
1000 Скопје, Македонија
E-mail: kontakt@horizonti.org.mk

МРЕЖА НА ЕКСПОЗИТУРИ

експозитури