Оваа Политика за приватност се однесува за понудата на сите производи на Микрокредитна Фондација Хоризонти како и на веб страната www.horizonti.org.mk
Заштитата на личните податоци на посетителот/корисникот на нашата веб страна се регулирани со оваа Политика за приватност, условите за користење, одредбите од Законот за заштита на личните податоци и задолжителните упатства на Дирекцијата за Заштита на Личните Податоци.
Горенаведените податоци можат да се чуваат и обработуваат за статистички цели, како и за подобрување на понудените услуги.Со користење на нашата веб страна, посетителите/ корисниците ја даваат својата согласност за користење на таквите податоци од страна на Микрокредитна Фондација Хоризонти Скопје.
Нашата веб страна содржи специјални врски (линкови, хиперлинкови, банери)кон други веб-страни, одржувани од трети страни. Ако посетителот/корисник на нашата веб страна избере да ги следи врските кон веб страните на трети лица, Фондацијата во никаков случај не треба да биде одговорна за општите услови поврзани со управувањето и заштитата на личните податоци кои се применуваат на поврзаните веб страни.
Покрај тоа, посетителите/корисниците на нашата веб страна имаат право на пристап до податоци поврзани со нив и право на приговор против обработката на овие податоци.
Оваа Политика за приватност може да биде дополнувана или менувана со текот на времето со специфични услови кои имаат поврзаност со нашата веб страна.
Ако имате било какви прашања во врска со нашата Политика за приватност, Ве молиме да контактирате со нас, со помош на линкот Контакт.
Собирање на информации
Користењето на нашата веб страна не бара од Вас да дадете лични информации. Веб страната обработува само информации кои се доброволно дадени од посетителите. Дадените информации може да се однесуваат на вашето име, адреса, е-пошта и број на телефон.
Информации за податоци за логови и колачиња
Оваа страница чува стандардни информации. Ги регистрираме Вашите посети на страницата, Вашата IP адреса, користениот прелистувач, времето на пристап и страниците што ги посетувате. За да сме сигурни дека нашата веб страна гарантира добро чувство за корисникот, ние можеме да користиме колачиња (cookies) или веб радиофарови (мали транспарентни слики кои ни помагаат да ја проследиме активноста на корисниците на одредени веб страници). Детални информации за користењето на колачиња, може да прочитате во Информации за колачиња.
Користење на информациите
Можно е да е неопходно да дадете лични податоци на веб страната, со цел добивање пристап до одредени содржини, вклучување во настан или студија, аплицирање за заем, или регистрација за добивање на информации за теми кои Ве интересираат. Во овој случај,информациите ќе бидат користени за управување на доставените од Вас барања. Имаме право да ги користиме дадените од Вас лични информации за маркетинг цели или за испраќање на промотивни пораки,кои се однесуваат на услугите или производите кои ги нудиме.
Можете да побарате од нас да престанеме да Ви испраќаме пораки на електронска пошта или друг комуникациски пат во секое време.
Давање информации на трети страни
Без да се влије врз одредбите на следниот став, личните податоци нема да се даваат на трети лица, освен ако важечкото законодавството бара откривање на овие податоци на надлежните органи, но единствено и само на нив.
Пристап до информации
За да ги промените доставените од Вас лични информации или за да го откажете приемот на маркетинг пораки треба да контактирате со нас преку формата за контакт за промена на информациите во согласност со важечките законски барања.
Сигурност на информациите
Со цел подобра заштита на информациите, веб страната www.horizonti.org.mk користи Secure Sockets Layer (SSL) протокол, кој е побезбеден и доверлив.
Промени во Политиката за приватност
Го задржуваме правото да ја промениме оваа Политика за приватност во секое време. Датумот на промената ќе биде прикажан на оваа страница, при што промените ќе бидат на сила од денот на последната промена. Ве советуваме периодично да ја прегледувате оваа декларација со цел подобра информираност.
Заштита на приватноста на деца
Нашата веб страна не е наменета за деца под 18-годишна возраст.
Прашања
Доколку сакате да добиете дополнителни информации во врска со заштитата на Вашите лични податоци и за што се користат, можете да не контактирате преку нашата контакт форма, пишете на kontakt@horizonti.org.mk , телефон 02 3093 681 или на адреса бул. Св. Климент Охридски 58 Б, влез 2, кат 3 1000, Скопје, Македонија