Мисија
Мисијата на Хоризонти е да овозможи одржлив и континуиран пристап до финансиски услуги на економски активното население со ниски примања во Р.Македонија, претежно жени микропретприемачи, припадници на социјално исклучени и маргинализирани групи, а со цел поддршка и развој на малите бизниси, креирање нови работни места и подобрување на квалитетот на живеење.
Визија
Да бидеме водечка организација во која клиентите препознаваат вистински партнер за развој на нивниот бизнис и подобрување на квалитетот на живеење.