fbpx

Семејство Јашаровски

Кадрие Јашаровска целиот свој брачен живот го има поминато во соба од 20 m2 која се наоѓа во склоп на куќа која е во сопственост на нејзиниот свекор.

Кадире и нејзиниот сопруг Елес во текот на сите години некако успевале да се снајдат и да живеат во такви услови, но ваквата ситуација наишла на драматична промена откако во нивните животи влегуваат нивните деца близнаци Илмија и Имер. Како што близначињата, момче и девојче, растеле така и се зголемувал проблемот во однос на недостаток на простор за живеење.

Куќата со три посебни соби која семејството ја делело со свекорот секако не била толку мала за пет члено семејство. Но сепак главниот проблем бил во тоа што една од овие три соби во целост била оштетена од влага. Оваа куќа била изградена во 1967 година и од тогаш е реновирана само еднаш,а и при наведеното реновирање била опфатена само едната половина од куќата кој ја користел нивниот свекор. Од преостанатите две соби во куќата, Јашаровски биле принудени да ја користат онаа соба која помалку била отштетена во текот на годините, додека целосно оштетената соба ја користеле како просторија за складирање.

Со кредитот од Хоризонти во износ од 100,000 денари, Јашаровски во целост извршија реновирање и реконструкција на оштетената соба која пред зафатот бил импровизиран простор целосно оштетен и чиј покрив во секој момент можел да пропадне. Оштетените прозори кои Кадире најчесто ги покривала со ќебиња како би го спречила студот во собите, биле заменети со нови прозори.

КРЕДИТЕН КАЛКУЛАТОР

експозитури

 

Микрокредитна Фондација ХОРИЗОНТИ
бул. Св. Климент Охридски 58Б, влез 2, кат 3
1000 Скопје, Македонија
E-mail: kontakt@horizonti.org.mk

МРЕЖА НА ЕКСПОЗИТУРИ

експозитури