fbpx

Профил на клиенти

Кои се нашите клиенти?

Kлиенти на микрокредитните организации се вообичаено лица со ниски месечни приходи и со понизок социјален статус кои немаат пристап до формалните финансиски институции. Клиентите се обично само-вработени и најчесто домашно базирани претприемачи, а во бизнисите е вклучено целото семејство. Приходите од овие мали семејни бизниси се во голем број случаи единствен приход во семејството од кој се покриваат сите трошоци и инвестиции во домаќинството.

Во урбаните средини овие клиенти се среќаваат како трговци на мало, пазарџии, улични продавачи, занаетчии, услужни дејности со помал обем, мало производство и слично. Во руралните средини тоа се обично малите фармери, индивидулани земјоделски производители, кои произведуваат храна од растително и животинско потекло, како: млекопроизводители, полјоделци, раноградинари и други. Карактеристично и за двете категории е нивната ранливост на промени во окружувањето што ги прави нивните приходи нестабилни, а бизнисот непостојан.

Важноста од финансиска подршка на оваа целна група за општеството е голема ако се земе во предвид високата стапка на невработеност и намалените можности за овие лица од друг вид вработување.

ХОРИЗОНТИ посебен осврт дава кон жената-претприемач и нејзината вклученост во донесувањето одлуки поврзани со бизнисот или семејството.

КРЕДИТЕН КАЛКУЛАТОР

експозитури

 

Микрокредитна Фондација ХОРИЗОНТИ
бул. Св. Климент Охридски 58Б, влез 2, кат 3
1000 Скопје, Македонија
E-mail: kontakt@horizonti.org.mk

МРЕЖА НА ЕКСПОЗИТУРИ

експозитури