Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) го спроведува проектот„Инклузија и иновација во микрофинансирањето“ финансиран од УСАИД. Проектот се спроведува заедно со Сојузотна микрофинансиски организации како главен имплементатор и Штедилница Можности, Микрокредитната фондација Хоризонти и Штедилница ФУЛМ како под-имплементатори.
МРФП, во рамки на проектот, спроведуваобуки за финансиско знаење по програми прилагодени за следните целни групи:
2.претпримачи на микро претпријатија
3.студенти
4.лица кои што планираат да започнат бизнис
Со цел да обезбедиме поголем пристап на целната група до овие обуки,
kallax korkekiilto hylly blogspot
дамски памучен чорапогащник
ciorapi compresivi pana la coapsa
detske lyžiarske nohavice 134 140 kilpi predam
sport jumpsuit nike
astro a50 ps4 and pc
ćwiczenia na rowerze
Bonnets rugby corner
archivador cajonera carpetas colgantes
Bonnets rugby corner
balenciaga 2017 shoes
archivador cajonera carpetas colgantes
játék hajszárító árukeresö
škare za plastične cijevi
rong>МРФП ги поканува сите правни лица дефинирани во т.2 од овој Повик да изразат интерес за идентификација и мотивација на лица кои би учествувале на обуки за финансиско знаење.
МРФП планира да спроведе 23 дводневни обуки за финансиско знаење низ целата територија на Република Македонија во период до 31.12.2017 г.
Обуките ќе се организираат за оделни целни групи од по минимум 20 учесници, во два последователни дена, во времетраење од приближно 6 часа дневно.
Локацијата на обуките ќе биде одредена во најблиското место до местото на живеење на учесниците.
Трошоците за спроведување на обуките (ангажирање на обучувач, локација и храна за учесниците) се покриени од МРФП.
1. Предмет на повикот
Предмет на овој повик е изразување на интерес за идентификација и мотивација на лица од дефинираните целни групи за учество на дво-дневни обуки за финансиско знаење.
2. Право на учество
Право на учество имаат правни лица без разлика на правна форма (организација, претпријатие или образовна институција) со мисија за развој на претприемништво и/или образование за претприемништво и/или посредување при вработување, како и организации на земјоделци или претприемачи засновани на членство или нивни сојузи и стопански комори кои се во директна комуникација со некоја од целните групи наведени претходно.
Правните лица, треба да се активни во последните 2 (две) години во областите дефинирани во став 1 на оваа точка и да имаат минимум 50 члена или лица од целните групи со кои се во директна комуникација.
Поради ограничениот број на обуки, МРФП го задржува правото да склучи договор со она правно лице кое ги исполнува условите согласно став 1 и 2 од оваа точка, по принципот „прв дојден – прв услужен“ притоа водејќи сметка за балансиран опфат на целната група и балансиран регионален опфат.
3. Начин на изразување интерес
Заинтересираните страни, правните лица од став 1 од точка 2, треба да достават пополнет образец за изразување интерес.
Образецот се доставува во електронска форма (скениран) на следната е-маил адреса: ima@mrfp.mk, или во просториите на МРФП на адреса: Никола Парапунов, 41а, 1060 Скопје (со назнака за повик: 2-ИМА-2017).
Бројот на обуките за кои заинтересираните страни ќе изразет интерес не е ограничен. МРФП го задржува правото да го дефинира максималниот број на обуки по одделно правно лице, согласно став 3 од точка 2.
4. Рок за изразување на интерес
Повикот е отворен до 31.11.2017 година односно до реализација на планираните 23 обуки. МРФП го задржува правото да го зголеми бројот на обуките, зависно од интересот за обуки и од можностите за финансирање.
5. Надомест на трошоци
За правните лица, со кои МРФП ќе склучи договор за соработка, предвиден е надомест од 7.500 МКД (седум илјади и петстотини денари) по обука. Надоместокот е наменет за покривање на трошоци за идентификација и мотивација на минимум 20 лица од дефинираните целни групи за учество на дво-дневни обуки за финансиско знаење. Бројот на учесници за време на обуката не треба да биде помал од 15.
6. Начин на исплата
Исплатата на средствата од т. 5 ќе биде извршена по реализирана обука врз основа на листа за присуство на минимум 20 лица од целната група. Правното лице со кое МРФП ќе склучи договор за соработка, доколку е ДДВ обврзник, треба да изготви фактура која е подготвена согласно законските прописи за подготовка на фактури за проекти финансирани од странски донатор кои се ослободени од ДДВ.
7. Датум и место на одржување на обуки
Обуките треба да се организираат во периодот од 01.02-31.12.2017 г. Индикативен период на спроведување на обуките е следниот:
•обуки за земјоделци, февруари – април 2017 г.,
•обуки за претприемачи на микропретпријатија, мај – јуни 2017 г.,
•обуки за студенти, октомври 2017 г.,
•обуки за лица кои планираат да започнат бизнис, април – мај 2017 г.
Точниот датум и место на одржување на обуките ќе биде дополнително договорен.