fbpx

Пофалби и приговори

Почитувани клиенти,

Сите сугестии, пофалби и приговори за нашите производи и услуги се важни за нас во насока на натамошно нивно подобрување, со што придонесувате за поуспешна соработка, за која ние Ви се заблагодаруваме. Задоволување на Вашите потреби со нашите услуги е целта на која ние сме посветени во секој аспект на нашата работа.

1. ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОФАЛБИ И СУГЕСТИИ

Доколку чувствувате потреба да го искажете Вашето задоволство од соработката со нас и нашите услуги или пак имате некоја сугестија и предлог која е во насока на подобрување на нашата понуда и соработка, би ви биле благодарни доколку истото го споделите со нас преку панелот за пофалби и сугестии, поставен на нашата веб страна.

2. ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИГОВОРИ

Хоризонти овозможува на своите клиенти да поднесат приговор за работата на вработените, филијалите како и на целокупната организација.

Доколку во соработката со Хоризонти се соочите со:

  • неадекватно однесување на било кој од вработените на Хоризонти;
  • непостапување од страна на вработените или организацијата согласно одредбите и условите од договорот за заем;
  • материјална штета, произлезена од договорот за заем и другата кредитна документација;
  • кршење на правилата и процедурите поврзани со кредитното работење и кодексите, од страна на вработен во Хоризонти;
  • сторена неправда и селективна примена на политиките, процедурите и критериумите во однос на други корисници;
  • незадоволство од начинот на кој е пропишана соработката со Хоризонти и нејзините вработени;

Ве молиме веднаш да реагирате како би можеле да преземеме корективни дејствија од наша страна. Вашето мислење е она што ние посебно го цениме, а вашите очекувања и потреби се она што настојуваме да го исполниме.

  • Приговорите може да ни ги доставите на еден од следниве начини:
  • Во писмена форма на една од адресите на Хоризонти (директно на вработените или преку пошта) со ознака дека станува збор за приговор
  • По e-mail
  • Директно на нашата веб страна преку панелот за приговори (подолу)

Вашите приговори ќе бидат разгледани согласно интерните политики на Хоризонти, и ќе добиете одговор во рок од најдоцна 30 (триесет) дена од денот на поднесување на приговорот.

3. ПАНЕЛ ЗА ПОФАЛБИ, СУГЕСТИИ И ПРИГОВОРИ

Ве молиме внесете ги вашите точни податоци и наведете во образложението дали станува збор за: пофалба, сугестија или приговор. Сите полиња се задолжителни.

Please enter your email, so we can follow up with you.

КРЕДИТЕН КАЛКУЛАТОР

експозитури

 

Микрокредитна Фондација ХОРИЗОНТИ
бул. Св. Климент Охридски 58Б, влез 2, кат 3
1000 Скопје, Македонија
E-mail: kontakt@horizonti.org.mk

МРЕЖА НА ЕКСПОЗИТУРИ

експозитури