1.1 Клиенти на Хоризонти
Клиент може да биде физичко лице, полнолетен државјанин на Р. Македонија кое ги исполнува општите и посебни услови за одобрување на заем.
1.2 Идентификација и следење на клиентите
Идентификација се врши исклучиво со важечки документ ( лична карта или пасош ) издаден од страна на надлежните органи. Клиентот, согласно договорот за заем е должен да го извести Хоризонти за секоја промена на личните или други податоци, а посебно за промена на живеалиштето/престојувалиштето или промена на телефонскиот број кои биле релевантни во моментот на склучување на договорот.
1.3 Заштита на личните податоци
Клиентот и секое друго лице кое на било каков начин гарантира за отплата на заемот, согласно Законот за заштита на лични податоци и Законот за кредитно биро, даваат податоци кои Хоризонти ги користи во процесот на одобрување или наплата на заемот, и истите се сметаат за деловна тајна. Клиентот и другите лица даваат согласност личните податоци да се споделуваат со Македонското кредитно биро, државните органи кон кои се има законска обврска, како и со трети лица со кои Хоризонти има склучено посебен договор за пренос на податоци.
Хоризонти ќе врши прибирање, обработка, чување и пренос на личните податоци на клиентот и другите лица со цел: донесување кредитна одлука по барање за заем, наплата на заемот, промотивни цели, истражувања заради подобрување на услугите на Хоризонти и други со закон дозволени цели, на начин кој е пропишан со Законот за заштита на личните податоци, други законски акти, како и во согласност со интерните акти на Хоризонти.
Клиентот има право на пристап до личните податоци кои ги дал за горенаведените цели, како и да бара исправка во случај истите да се неточни.
1.4 Девизна клаузула во договорите за заем ( кај индивидуалните заеми )
Во зависност од кредитниот продукт и рочноста, одредени договори за заем се со клаузула за заштита од девалвација на денарот во однос на еврото (член 3). Ова е поради фактот што изворите на финансирање спрема Хоризонти од странските кредитори се во валута Евро, и истите инсистираат на ваква заштита. При активирање на оваа клаузула Хоризонти нема обврска за писмено известување на клиентот.
1.5 Заштита на правата и интересот на клиентите
Хоризонти се обврзува дека во фазата пред склучување на Договорот за заем, ќе го информира клиентот усно и писмено за правата и обврските кои произлегуваат од Договорот за заем и другите акти поврзани со заемот.
Хоризонти обезбедува заштитата на правата и интересите на клиентот (во сите фази на работењето) преку донесување и доследна примена на Кодекс на однесување со клиентите, Кодекс на однесување при наплата и други акти, при што истите се во согласност со законските регулативи и се засновани на добрата деловна пракса, правичен и фер однос со клиентот.
2.1 Одобрување на заемот
Информациите за условите и потребната документација за одобрување на заемите, клиентите може да ги добијат од вработените на Хоризонти. Заем може да се одобри исклучиво врз основа на писмено барање (апликација) од клиентот. Разгледувањето на барањето е условено со обезбедување на целокупната потребна документација, а во согласност со пропишаните акти на Хоризонти. Клиентите задолжително се известуваат за кредитната одлука. Пред да биде склучен договорот за заем, Хоризонти се обврзува да ги информира клиентите за сите услови поврзани со договорот за заем. Клиентите овие информации ги добиваат усно од страна на вработените во Хоризонти како и писмено преку документите Општи услови и одредби за кредитирање и Информативен лист за услови и трошоци на заем.
2.2 Исплата на заемот
Исплата на средствата од заемот се прави откако е потпишан договорот за заем помеѓу клиентот и Хоризонти. Истата се врши исклучиво на ( денарска ) трансакциска сметка на клиентот отворена во било која од комерцијалните банки.
Како прифатливи инструменти за обезбедување на заемите, Хоризонти користи:
- Жиранти преку административна забрана на плата
- Обична меница
- Меница во кои правата и обврските на потписниците се регулирани со нотарски акт
Сите трошоци поврзани со обезбедувањето на заемот паѓаат на сметка на клиентот.
4.1 Контрола на наменската искористеност
Корисникот на заемот е обврзан да го искористи заемот согласно намената наведена во договорот и останатата документација поврзана со заемот и за истото да му обезбеди доказ на Хоризонти.
Доколку корисникот на заемот не е во можност да го искористи заемот согласно намената која е наведена во договорот и останатата документација, должен е одобрениот износ да го врати во целост заедно со доспеаната камата и останатите трошоци согласно интерните политики на Хоризонти.
Доколку во текот на траење на договорот за заем, Хоризонти утврди дека заемот не е искористен согласно договорот и останатата документација, има право да го раскине договорот и од клиентот да бара целосно враќање на заемот заедно со доспеаната камата и останатите трошоци согласно интерните политики на Хоризонти.
4.2 Мониторинг на заемите
Во текот на траење на договорот за заем, Хоризонти го задржува правото на регуларен мониторинг на клиентите, кој може да се врши на следниот начин:
- Телефонско контактирање пред доспевање на отплатната рата
- Посета на работното место или живеалиштето
5.1 Редовна отплата
Отплатата на заемите се врши согласно отплатните планови на заемите. Доколку отплатата на ратата доспева во неработен ден, отплатата се поместува за првиот нареден работен ден. Заемите се отплаќаат во денари во филијалите на Хоризонти. Клиентот може да ги врши отплатите на заемот директно на сметката на Хоризонти преку било која од комерцијалните банки, исклучиво со претходно одобрување на Хоризонти. За секоја извршена уплата во филијалите во Хоризонти, Хоризонти се обврзува на клиентот да му издаде сметкопотврда како потврда за уплатените средства. Доколку отплатната рата не биде уплатена во целост на денот на доспевање , заемот ќе се смета дека е во доцнење.
5.2 Предвремена отплата на заемот
Клиентот има право обврските по основ на договорот за заем да ги исплати пред договорениот рок – предвремена отплата на заемот, при што важи следново:
- Кај индивидуалните заеми се наплаќа вкупниот преостанат долг кој ја вклучува ненаплатената главница, како и доспеаната и ненаплатена камата и управувачи надоместок до денот на отплатата. На остатокот од недоспеаната главница се пресметува и наплаќа провизија за предвремена отплата, согласно Тарифникот на Хоризонти.
- Кај групните заеми се наплаќа вкупниот преостанат долг кој ја вклучува ненаплатената главница како и казнена провизија во висина на недоспеаната договорна камата и управувачки надоместок, и тоа: Целокупната недоспеана договорна камата и управувачки надоместок кога од датумот на предвременото враќање до истекот на заемот има помалку од 5 месеци или 4 недоспеани рати на договорната камата и управувачки надоместок кога од датумот на предвременото враќање до истекот на заемот има повеќе од 5 месеци.
5.3 Последици и обврски во случај на задоцнета отплата
- Хоризонти за секој ден доцнење пресметува и наплатува казнена камата на износот на доспеана и ненаплатена главница, а во согласно со Законот за облигациони односи.
- Доцнењето во отплатата на заемот се евидентира во Македонското кредитно биро, што понатаму влијае на можноста клиентот да се позајми средства од друга институција
- Присилна наплата на заемот преку еден од инструментите за обезбедување на заемот
Вкупните годишни трошоци на заемот се изразени преку СВТ (Стапка на вкупни трошоци) пресметана согласно законските прописи.
6.1 Каматна стапка
Принципот на кредитирање во Хоризонти е со фиксни каматни стапки и останати трошоци. Ова значи дека нема опасност за клиентот за времетраење на договорот и отплатата на ратите да дојде до промена на каматите и евентуално зголемување на трошокот на корисникот на заем.
6.2 Трошоци за обработка на заемот
Во овие трошоци спаѓаат:
- Трошок за аплицирање. Фиксен трошок кој се плаќа во моментот на поднесување на апликацијата. Овој трошок се наплаќа независно од тоа дали ќе биде одобрен заем или пак не.
- Провизија за администрирање на барањето за заем и исплатата. Се пресметува и наплаќа само кај индивидуалните заеми еднократно пред исплатата на заемите како % од износот на заемот.
6.3 Трошоци за управување на заемот
Управувачки надоместок. Се пресметува како % од износот на заемот и е еднаков за сите месечни рати
6.4 Останати трошоци кај индивидуалните заеми
Во останатите трошоци спаѓаат:
- Провизијата за предвремена отплата на заемот. Се наплаќа исклучиво само кај индивидуалните заеми во случај клиентот да сака пред договорениот рок целосно да го отплати заемот. Провизијата се пресметува како % од износот на недоспеаната главница на заемот.
- Трошок за ревалоризација, кој се однесува само на одредени продукти кои во договорите за заем имаат валутна клаузула. Овој трошок се пресметува и наплаќа само со посебна одлука донесена од страна на раководството на Хоризонти.
Сите измени и дополненија на договорот за заем мора да бидат во писмена форма, потпишани како Анекс на договорот за заем, а претходно треба да бидат одобрени од двете договорни страни.
Во случај клиентот да не се придржува кон договорените услови, Хоризонти го задржува правото да го раскине договорот за заем. Во случај на раскинување на договорот за заем, Хоризонти може да бара присилна наплата на побарувањето од клиентот или пак од гарантите. Во овој случај Хоризонти го задржува правото на избор и редослед на активирање на инструментите за обезбедување. Пред активирање на инструментите за обезбедување на заемот, Хоризонти писмено ќе ги извести клиентот и гарантите.
Хоризонти комуницира со клиентите и лицата кои на било каков начин гарантираат за отплатата на заемот преки телефон, со личен контакт или пак писмено.
За сите известувања за кои е договорено писмено известување, ќе се сметаат за уредно доставени ако се пратени на последната евидентирана адреса на клиентот/гарантот.
Клиентот или лицето кое по било кој основ одговара за отплата на заемот има прво на приговор, доколку смета дека Хоризонти не се придржува согласно добрата деловна пракса и согласно договорните обврски. Хоризонти се обврзува со одговор по секој приговор во рок од 30 дена по поднесување на приговорот.
Приговорот се поднесува во писмена форма на адресата-те на Хоризонти, по e-mail, и лична достава во филијалите, со назнака дека се работи за приговор. Приговорот може да се достави користејќи го соодветниот образец за приговори или во форма по желба на клиентот.
Поднесувачот на приговорот е обврзан да наведе име и презиме, адреса, кратко образложение на приговорот кој според мислењето на клиентот е во рамките на причините погоре наведени, како и времето и местото на настанување на спорот доколку е истото релевантно. Во рамките на приговорите клиентите можат да наведат и предлог односно мислење како проблемот да се надмине или реши.
Анонимните приговори не се разгледуваат.
Содржината на овој документ е од информативен и привремен карактер. Во случај на било каква противречност, спротивност и различност на одредбите од овој документ со одредбите од договорите за заем, интерните политики, процедури, правилници и други акти на Фондација Хоризонти, вторите ќе се сметаат за веродостојни и со правна тежина.