Општо за микрокредитирање
Микрофинансирањето подразбира финасирање кое обезбедува пристап до мали заеми (микро – кредити) на семејствата со ниски примања како би се овозможило започнување на бизнис или пак одржување на тековните бизнис активности преку кои членовите на семејствата остваруваат приходи. Микрофинансирањето претставува одржлив модел на кредитирање кој треба да ги задоволи финансиските потреби на сиромашните и маргинализираните сегменти на општеството. Важноста на Микро – кредитот беше истакната во 1970 година, преку напорите на Мухамед Јонус, микрофинансиски пионер и основач на Банката Грамин во Бангладеш. Неговите напори да се создадат економски и социјален развој на општествата преку микрофинансирањето го добија своето признание преку доделувањето на Нобеловата награда во 2006 година.
Микрофинансиска институција (MFI) е организација која овозможува финансиски услуги наменети за семејствата со ниски примања. И покрај тоа што секоја Микрофинансиска организација е различна, сите Микрофинансиски организации делат заедничка карактеристика во однос на овозможувањето финансиски услуги на клиентела која е поранлива и помаргинализирана од класичната банкарска клиентела.
Лицето кое води мал бизнис или микро претпријатие. Овие бизниси најчесто вклучуваат помалку од 5 лица и може да имаат седиште надвор од домаќинството. Ваквите бизниси можат да претставуваат единствен извор на семеен приход или да преставуваат дополнување на другите видови на приход во семејството.[/accordion_toggle] ArrayТипичните микро претприемачки бизниси вклучуваат малопродажни киосци и колонијали, работилници за шиење, столарски дуќани, тезги на пазари и слично.
За да можат економиите да растат и напредуваат, жените мора да бидат вклучени во секое ниво. Наведеното е особено вистинито во повеќето земји во развој каде жените го сочинуваат мнозинството на сиромаштијата, невработеноста и социјалната и економската маргинализираност. Истражувањата покажуваат дека жените имаат тенденција да ги инвестираат парите што ги заработуваат во нивните семејства, образование и домаќинства кои со тек на време ги зајакнуваат и стабилизираат социјалните и економските аспекти на нивните заедници.
Вклучувањето на каматата е неопходно за создавање само финансирачка, одржлива и остварлива кредитна програма која ќе продолжи да генерира поголем капитал со што би се овозможило да поголем број на луѓе имаат пристап до кредити.