Хоризонти овозможува финансиска поддршка и им излегува во пресрет на барањата на сопственици на мали бизниси, индивидуални земјоделци и население со потреби во домувањето. Покрај својата основна мисија, овозможување финансиски услуги на сиромашните и маргинализираните групи на граѓани, микрофинансирањето сè повеќе станува еден од важните лостови за економски развој, со значајни општествено-економски ефекти. Посебен фокус на микрокредирањето се луѓето кои се занимаваат со одредена стопанска дејност и имаат потреба од финансиски средства за унапредување на бизнисот и животниот стандард. Хоризонти ги поддржува микро претприемачите, го промовира учеството на жените во бизнис и нуди полесен пристап кон финансиски средства во руралните подрачја.
Ако сте земјоделец на кој му е потребен заем за инвестиции во земјоделската индустрија, без оглед дали станува збор за набавка на механизација и опрема или набавка на суровини и репроматеријали, Хоризонти ви овозможува финансиска поддршка. Хоризонти со МИКРО АГРО ЗАЕМИТЕ, обезбедува најдобра и најбрза финансиска поддршка на индивидуални земјоделски производители.
Планирате реновирање на домот? Хоризонти е вашиот партнер од доверба. Со МИКРО ЗАЕМОТ ЗА ДОМУВАЊЕ – при реконструкција, поправки, реновирање или други интервенции подобрете ги условите во домот и добијте поддршка – бесплатен градежен совет од стручно лице, препораки и информации, Хоризонти ви овозможува да создадете здрав и пријатен дом за вас и вашето семејство.
Хоризонти ви ја нуди најдобрата и најбрзата финансиска поддршка за вашиот бизнис. Со МИКРО БИЗНИС ЗАЕМИТЕ започнете нова животна приказна и отворете нови хоризонти, а ние сме тука да ве поддржуваме кон успехот. Инвестирајте во вашиот бизнис и реализирајте ги вашите идеи.
Нашата цел да е понудиме одржлив пристап на финансиски услуги кај оние индивидуи коишто имаат ограничен пристап или пак воопшто немаат пристап кон формалните финансиски институции. Услугите што ги нуди „Хоризонти“, придонесуваат за отворање на нови работни места а со тоа директно помагаат за економска стабилност на земјата.