КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ СО КЛИЕНТИТЕ
- Вработените од Хоризонти се должни да се однесуваат со клиентите професионално, чесно, непристрасно, и без предрасуди промовирајќи праведен и еднаков третман без разлика на расата, бојата на кожата, јазикот, политичките или верските убедувања, национална припадност или култура;
- Во комуникацијата со клиентите вработените се должни да се обраќаат со почит, љубезност, трпение и да го прилагодат речникот на начин кој што е разбирлив за соговорникот;
- Секоја постапка на вработените од Хоризонти при вршење на работните активности мора да биде лишена од лични интереси од било кој тип и во согласност со општиот кодекс на однесување на вработените;
- Хоризонти се обврзува дека ќе ја почитува приватноста на податоците од клиентите и дека сите информации релевантни за одобрување на заемот добиени од страна на клиентите ќе ги третира како доверливи. Доверливите информации (во електронска, пишана, усна или друга форма) нема да бидат откриени, освен доколку клиентот даде своја писмена согласност или во случај да откривањето на таквите информации е задолжително по закон;
- Вработените во Хоризонти се должни, пред клиентот да го потпише договорот да го запознаат со сите права и обврски кои произлегуваат од договорот, сите поими и услови кои се од значење за неговите права и обврски како клиент на Хоризонти. Вработените на Хоризонти ќе обрнат посебно внимание на лицата кои од било која причина имаат потешкотии со разбирање на правата и обврските кои произлегуваат од договорите;
- Било какви недоразбирања или конфликтни ситуации со клиентите, вработените ќе настојуваат да ги решат мирно, сталожени и трпеливо, без да се користат навредливи зборови, укажувајќи на клиентите дека имаат право на поднесување поплаки и жалби во согласност со интерните политики на Хоризонти;
ПРИНЦИПИ ЗА ЗАШТИТА НА КЛИЕНТИТЕ
Од 2011 година, ХОРИЗОНТИ е активен поддржувач на SMART Campaign, инијатива која дефинира минимум стандарди што клиентите на микрокредитните организации треба да ги очекуваат за време на соработка. ХОРИЗОНТИ континуирано врши усогласување на своето работење со принципите на SMART за заштита на клиентите, кои се:
- Соодветен продукт дизајн и дистрибуција
- Спречување на презадолженост
- Транспарентност
- Одговорно определување на надоместоците
- Почит и правичен третман кон клиентите
- Приватност на податоците за клиентите
- Воспоставени механизми за решавање на жалбите