fbpx

Известување за клиенти

ПОЧИТУВАНИ КЛИЕНТИ !

Во врска со препораките од Владата, во интерес на јавното здравје и преземање мерки и активности за превенција и заштита од ширење на корона вирусот, Фондација Хоризонти ги советува своите клиенти:

  • Да ги редуцирате посетите во филијалите на Хоризонти, коишто редовно се чистат и дезинфицираат;
  • При посета на Хоризонти да избегнувате директен контакт при поздравување и да избегнувате долго задржување во просториите, како и да одржувате пристојно растојание од најмалку 1 метар при средба/разговор со вработените или останатите присутни;
  • Да ги користите средствата за дезинфекција на рацете поставени на располагање за секој клиент во филијалите на Хоризонти;
  • При потреба за искашлување/кивање покривајте ја устата со марамче за еднократна употреба или искашлајте во лактот;
  • Доколку се соочувате со некакви симптоми на настинка, заради мерки на претпазливост против ширење на инфекција со корона вирусот, Хоризонти ве замолува да ги користите услугите преку мобилната апликација на Хоризонти или уплатата на рата да ја изврши некој друг наместо вас;

Хоризонти Ви благодари за препознавањето на важноста на заштитата на сопственото здравје, како и на здравјето на другите и за придржувањето кон овие упатства.

За сите прашања, консултации и апликации поврзани за одредени производи, Фондација Хоризонти ги охрабрува своите клиенти да се обратат и преку телефонските контакти или и-меил адреси истакнати за филијалите на веб страната https://horizonti.org.mk/ како и преку нашата фејсбук страна https://www.facebook.com/horizontimikrokreditiranje/.

Ви благодариме за разбирањето.

КРЕДИТЕН КАЛКУЛАТОР

експозитури

 

Микрокредитна Фондација ХОРИЗОНТИ
бул. Св. Климент Охридски 58Б, влез 2, кат 3
1000 Скопје, Македонија
E-mail: kontakt@horizonti.org.mk

МРЕЖА НА ЕКСПОЗИТУРИ

експозитури