fbpx

Известување до клиентите

Поради новонастаната ситуација со ширењето на коронавирусот – Covid 19, и неговото влијание врз редовните приходи на населението и  деловните активности, Микрокредитна фондација Хоризонти за оние клиенти кои веќе имаат, или очекуваат да имаат, потешкотии со редовно  подмирување на обврските по заемите, подготви и воведе мерки за промена на договорните услови и олеснување на наплатата, и тоа:

    1. Репрограмирање на тековните заеми

Со ова мерка на сите редовни заеми во отплата, кои немаат доцнење во отплатите, им се нуди одложување на плаќање на главницата за период од најмалку 3  до најмногу 6 месеци (грејс период), со можност за продолжување на рокот за отплата на заемот колку што изнесува и грејс периодот. За времетраење на грејс периодот ќе се пресметува и наплаќа договорната камата и надоместок.  За спроведување на мерката, клиентите кои ги исполнуваат условите треба да потпишат анекс кон договорот и добијат нов амортизационен план, при што нема да се наплаќаат трошоци за репрограмирање на заемите.

  1. Рефинансирање на заемите со одобрување на нов заем

Со ова мерка на клиентите кои се погодени од кризата, кои се редовни со отплатата или имаат потешкотии со доцнење не поголемо од 60 дена, им се нуди можност за рефинансирање на вкупно салдо од неотплатена главница од тековниот заем-и, со одобрување на нов заем по поповолни услови, и тоа:

  • намалена провизија за администрирање;
  • грејс период до 6 месеци;
  • одобрување дополнителни средства во износ од најмногу 30% од салдото на неотплатена главница, заради помагање и задоволување на основните потреби на семејството во услови на криза и намалени приходи;

 НАПОМЕНА

  • Клиентите кои се во можност да ги подмируваат обврските согласно сегашните договорни услови, апелираме да продолжат да ги плаќаат ратите под истите услови и со тоа дадат предимство на оние кои се најпогодени од кризата;
  • Горенаведените мерки стапуваат во сила од 01.04.2020 год, и ќе важат се додека трае кризата. На овој начин се овозможува оние кои во иднина ќе имаат потешкотии со подмирување на обврските, да можат подоцна да ги искористат мерките под истите услови;
  • Клиентите кои не ги прифаќаат понудените мерки ќе останат да плаќаат согласно тековните договорни услови;

Сите засегнати клиенти, по објава на веб страната на Хоризонти да се обратат до матичните филијали и кредитни референти за повеќе информации. Истовремено, Хоризонти ќе спроведе и поединечно контактирање со цел проценка на влијанието на кризата врз платежната способност на клиентите и подобност за понудените мерки.

КРЕДИТЕН КАЛКУЛАТОР

експозитури

 

Микрокредитна Фондација ХОРИЗОНТИ
бул. Св. Климент Охридски 58Б, влез 2, кат 3
1000 Скопје, Македонија
E-mail: kontakt@horizonti.org.mk

МРЕЖА НА ЕКСПОЗИТУРИ

експозитури