“Иновативните агро-флекс кредитни продукти” заслужни за повторно прогласување на Хоризонти за победник на престижното натпреварување Microfinance Best Practice Award 2016 во организација на фондацијата Giordano Dell’ Amore и European Microfinance Network (EMN). На свечената церемонија одржана на 16.06.2016 год. во Варшава во рамките на годишната конференција на EMN, Хоризонти во потесна конкуренција со познати микрокредитни организации од Босна и Србија, беше прогласен за победник и добитник на првата награда. Апликацијата ги презентирање резултатите постигнати со воведување на новите агро-флексибилни продукти кои на земјоделските корисници им овозможуваат адекватно планирање на обврските и инвестирање во склад со сезонските земјоделски приходи. Ова е втор пат како Хоризонти ја добива оваа престижна награда, претходно тоа се случи во 2011 год.