fbpx

Хоризонти се придружи на мрежата на партнерски кредитни институции на ЕFSE

Финансирањето од ЕФСЕ ќе ги подржи македонските мали фармери и микро-претприемачи од руралните средини во земјата Франкфурт и Скопје, 19.12.2014– Европскиот фонд за Југоисточна Европа (EFSE) продолжува да ја шири својата мрежа на партнерски кредитни институции, со потпишувањето на првиот договор за заем со Македонската микрофинансиска организација “Хоризонти“.Заемот од ЕFSEво износ од500.000 евра, ќе  овозможи на “Хоризонти“ поефикасно решавање на кредитнте потребите на малите земјоделци и микро претпријатија во руралните области на Македонија. Мисијата на Хоризонти е да обезбеди на населението со ниски приходи, првенствено жени претприемачи, ноисто такаи социјално исклучените и маргинализирани групи, лесен и сигурен пристап до финансии. Дејствувајќи кон оваа цел, Хоризонти, исто така, поддржува микро-претприемачи и мали индивидуални земјоделци лоцирани во руралните делови на земјата. Инвестицијата од EFSE ќе ја поддржи стратегијатана Хоризонти за проширување на операциите во оддалечените рурални области,за да се обебедат на располагањемали заеми за поддршка на недоволноразвиениот земјоделскиот сектор, еден одсекторите што е и целна група на EFSE. Соработката меѓу Хоризонти и EFSE започна прекуразвојниот инструмент на EFSEод каде беше обезбедена техничка помош за Хоризонтиовозможувајќи подобро да се анализира земјоделскиот сектор,развијат кредитни продуктикои се подобро прилагодени за овој пазар, како и подобрување на практиките за кредитирање. “Мисијата на Хоризонти и на EFSE се во целосна усогласеност”, вели Моника Бек, претседател на Одборот на ЕFSE. “Со својата потврдена мисија за поддршка нанаселението со ниски приходи, нокое е економски активно,Хоризонти претставува важен придонес за нашата мрежа на партнерски кредитни институции и голем чекор напред  кон остварувањето на нашата мисија за забрзување на економскиот развој и просперитет.” “За Хоризонти, соработката со EFSE значи многу повеќе од дополн ителни средства за раст на кредитното портфолио”, вели Васил Давалиев, извршен директор на Хоризонти. “Сметаме на EFSE како стратешки партнер за нашиот понатамошен институционален развој. Вистински се потпираме на стручноста на EFSE и очекуваме долгорочна поддршка за да опфатиме и опслужиме повеќе клиентина ефикасен начин.”

КРЕДИТЕН КАЛКУЛАТОР

експозитури

 

Микрокредитна Фондација ХОРИЗОНТИ
бул. Св. Климент Охридски 58Б, влез 2, кат 3
1000 Скопје, Македонија
E-mail: kontakt@horizonti.org.mk

МРЕЖА НА ЕКСПОЗИТУРИ

експозитури