Хабитат Македонија организираше волонтерскиот ден чија цел беше обезбедување помош во изградбата на домот на семејството Усеин, во населбата Циглана. Ова семејство пред една година целосно го изгуби својот дом во пожар што го зафати целото соседство. Благодарејќи на помошта обезбедена од Владата, Град Скопје и Општината Бутел, опожарените куќи беа повторно изградени, меѓутоа уште доста работи останаа да бидат обезбедени за куќите да станат удобни домови за овие семејства. Затоа, Наташа и Орхан Усеин имаат земено заем од Фондот за Роми и маргинализирани, програма на Хабитат Македонија и Хоризонти, и заедно започнаа да ја планираат финализацијата на нивниот дом. Учество во волонтерскиот ден зема сопругата на Амбасадор на balmain carbone fragrantica
ciorapi compresivi pana la coapsa
handcitruspers
polaroid κάμερα
costume leopardato triangolo Italy
cheap yeezys
jayden daniels jersey
costume leopardato triangolo Italy
dlm382
köröm díszítő szalagok
dänisches bettenlager lounge set
brandon aiyuk youth jersey
miroir terzo
sport jumpsuit nike
handcitruspers
во РМ, г-ѓа Мери Џо Волерс, која воедно е и почесен член на управниот одбор на Хабитат Македонија. Таа со волонтерски тим од Американската Амбасада се вклучи во изведбата на тековните градежни работи, а во работата се вклучија и неколку вработени од Хабитат и Хоризонти. Интервенциите на волонтерите кои се реализираа во рамки на волонтерскиот ден во домот на семејството Усеин вклучуваа: поставување на стиропор на надворешните ѕидови (термо изолација), поставување на термо изолација на таванот во бањата, завршување на стреите и комплетирање на фасадниот слој. Од една страна денешното волонтирањето ќе му помогне на ова семејство значително да ги намали трошоците за реконструкцијата во домот со што ќе обезбеди максимално искористување на заемот, а од друга страна пак ќе го потсети соседството за потребата од подавање рака на оние кои имаат потреба од помош.