Бранкица Л. Стојковска е 39 годишна успешна деловна жена, сопруга и мајка на две деца. Од 2000-та година, таа го започна својот бизнис во областа на малопродажба на женски текстил. На самиот почетокот изнајми дуќан во еден од најголемите трговски центар во главниот град, за подоцна да отвори уште два дуќани, еден во истиот трговски центар, а другиот дуќан на друго истотака атрактивно место за купување.
Најважното нешто во врска со мојот бизнис е фактот што низ текот на целото мое работење, јас имам финансиска интитуција која ме поддржува во секој чекор на мојот деловен и личен успех. Зборувам за Хоризонти институција со која соработката започна уште од самиот почеток. Првиот кредит кој го подигнав изнесуваше 250 евра, сума која ја подигнав во солидарна група заедно со уште 5 останати жени претприемачи. Се до денес имам позајмено вкупно 13 групни кредити. Како добар клиент, ја искористив можноста да користам и индивидуален кредит во износ од 3.200 евра. Благодарана сум на Хоризонти за спроведувањето на финансиската поддршка низ годините.
– вели Бранкица
После 11 години постоење на пазарот Бранкица денеска има 6 вработени, три дуќани, одлични организаторски способности и стабилна финансиска состојба. Таа е одличен пример за претприемач кој навреме може да ги препознае можните бизнис ризици, и побарувачката ја адаптира на потребата на потрошувачите. На пазарот таа успеа да изгради бренд од нејзиниот бизнис. Доколку се спомне името Модива (името на нејзините дуќани) секој ќе препознае за што зборувате. Нејзината лојалност кон Хоризонти ја докажува со фактот дека за нејзиниот бизнис освен од Хоризонти од ниедна друга банка не позајмува кредити.