Принципи за заштита на клиентите

Соодветен продукт дизајн и дистрибуција

Хоризонти ќе преземе соодветни мерки за развој на продукти и начини на нивна дистрибуција кои нема да им нанесат штета на клиентите. Продуктите и нивната дистрибуција ќе бидат дизајнирани земајќи ги во предвид потребите и можностите на клиентите;

Спречување на презадолженост

Хоризонти ќе ги преземе сите неопходни мерки во сите фази на кредитниот процес за да утврди дали клиентите имаат капацитет за отплата и да избегне нивна презадолженост. Покрај тоа, Хоризонти ќе ги применува и следи интерните системи кои го поддржуваат спречувањето на презадолженост и ќе вложи напори кон унапредување на управувањето со кредитниот ризик на пазарот ( како што се размена на информации за кредити);

Транспарентност

Хоризонти ќе дава јасни, доволни и навремени информации на начин и јазик кој клиентите ќе можат да го разберат, како би можеле да донесат одлуки базирани на точни информации. Ова посебно се однесува на транспарентност за информациите поврзани со цените, условите за плаќање и останатите услови од договорите;

Одговорно определување на цените

Цените, роковите и условите ќе бидат формирани на начин да бидат прифатливи за клиентите, а во исто време да овозможат финансиска одржливост на организацијата;

Почит и правичен третман кон клиентите

Хоризонти и вработените ќе обезбедат фер и еднаков третман кон клиентите и ќе се однесуваат кон нив со почит. Нема да постои дискриминација. Хориознти ќе обезбеди соодветни мерки на заштита за навремено откривање и превенција на корупцијата, како и од агресивно и неприфатливо однесување кон клиентите од страна на вработените, особено во текот на продажбата и процесот на наплата на долговите;

Приватност на податоците за клиентите

Приватноста на податоците за секој индивидуален клиент ќе биде почитувана согласно законот и прописите на надлежните институции. Овие податоци ќе се користат исклучиво за цели кои се утврдени во моментот кога податоците се собираат или како што е предвидено со закон, освен ако не е поинаку договорено со клиентот;

Механизми за решавање на жалбите

Хоризонти ќе воведе навремени и достапни механизми за процесирање и решавање на поплаките и жалбите од клиентите, и истите ќе ги користи за унапредување на своите производи и услуги;

КРЕДИТЕН КАЛКУЛАТОР

експозитури

КОНТАКТ

Микрокредитна Фондација ХОРИЗОНТИ
бул. Св. Климент Охридски 58Б, влез 2, кат 3
1000 Скопје, Македонија
Тел.: +389 (0)2 309 3681
Факс: +389 (0)2 309 3376
E-mail: kontakt@horizonti.org.mk

МРЕЖА НА ЕКСПОЗИТУРИ

експозитури