Награди и признанија

Јуни 2016

“Иновативните агро-флекс кредитни продукти” заслужни за повторно прогласување на Хоризонти за победник на престижното натпреварување Microfinance Best Practice Award 2016 во организација на фондацијата Giordano Dell’ Amore и European Microfinance Network (EMN). На свечената церемонија одржана на 16.06.2016 год. во Варшава во рамките на годишната конференција на EMN, Хоризонти во потесна конкуренција со познати микрокредитни организации од Босна и Србија, беше прогласен за победник и добитник на првата награда. Апликацијата ги презентирање резултатите постигнати со воведување на новите агро-флексибилни продукти кои на земјоделските корисници им овозможуваат адекватно планирање на обврските и инвестирање во склад со сезонските земјоделски приходи. Ова е втор пат како Хоризонти ја добива оваа престижна награда, претходно тоа се случи во 2011 год.

Јуни 2011

Микрокредитна фондација Хориознти е избрана за победник во рамките на Microfinance Good Practices Europe Award 2011 спонзорирано од Giordano Dell’Amore Foundation  и во соработка со European Microfinance Network.

Наградата е доделена како признаие за придонесот на Хоризонти во примена на добрите практики во областа на микрокредитирањето на Европско ниво и воведувањето иновативни и корисни компоненети за економски и социјален развој на клиентите.

Март 2010

Во рамките на вториот циклус натпреварување Microfinance Good Practices Europe Award,  Хоризонти беше селектирана меѓу 5 –те финалисти и доби признание за успешното работење со Ромската популација. На ова натпреварување во организација на Fondazione Giordano Dell’Amore и European Microfinance Network учество земаа микрокредитни организации од цела Европа.

Јуни 2007

Хоризонти е победник во изборот за иновативни проекти во рамките на првиот циклус награди за иновации од страна на Microfinance Centre. Нагрaдата е доделена за иновативниот пристап при користење на групната методологија на кредитирање за социјално исклучените групи во општеството.

Мај 2002

По само две години работење Хоризонти добива признание за иновативниот пристап во обезбедување финансиски услуги за најсирамошните слоеви во општеството.

КРЕДИТЕН КАЛКУЛАТОР

експозитури

КОНТАКТ

Микрокредитна Фондација ХОРИЗОНТИ
бул. Св. Климент Охридски 58Б, влез 2, кат 3
1000 Скопје, Македонија
Тел.: +389 (0)2 309 3681
Факс: +389 (0)2 309 3376
E-mail: kontakt@horizonti.org.mk

МРЕЖА НА ЕКСПОЗИТУРИ

експозитури