ПОЗАЈМУВАЈТЕ

ПАМЕТНО!

Не знаете колку можете да си дозволите да позајмите?

Не знаете колку ќе плаќате?

Не го разбирате договорот?


Не го користите правото на жалба?

Дозволувате долгот да Ве контролира Вас?

Колку можете да си дозволите да позајмите?

Дали знаете колку ќе плаќате?

Дали го разбирате договорот во целост?

Што треба да направите доколку не сте задоволни?

Контролирајте го вашиот долг – не дозволувајте долгот да Ве контролира Вас!

Дознајте што не треба да правите?

Научете како да позајмувате паметно?

Колку можам да си дозволам да позајмам ?

Научете точно да ги пресметате Вашите месечни заштеди

Месечните рати за кредит не треба да се повисоки од 70% од вашите месечни заштеди

На пример: Ако Приходот = 10.000 ден. и Трошоците се 8.000 ден., тогаш Заштедата = 2.000 ден. Месечната отплатна рата = 1.400 ден. максимуми

Земете кредит во истата валута како Вашиот приход.

Хоризонти ќе го процени капацитетот за плаќање и ќе Ви потврди дали можете да си го дозволите кредитот.

Дали знам колку ќе плаќам?

Научете како да ги споредувате различните понуди со цел да направите проверен избор.

Согласно законските прописи во Македонија, давателите на кредити ви ја презентираат СВТ (стапка на вкупни трошоци) за да Ви се помогне да направите споредба на вкупните трошоци на кредитот.

Запомнете, пониските каматни стапки не ви гарантираат поевтин кредит.

Осигурајте дека во пресметките за вашите месечни трошоци сте ги пресметале сите трошоци и давачки, а не само каматите.

Бидете претпазливи со агресивните позајмувачи – специјалните понуди ретко се специјални.

Внимателно анализирајте ја должината на кредитот – пониските рати на подолг период може и да не се поевтини.

Хоризонти како и сите членови на MFC , ги открива сите трошоци, вклучувајќи ги и трошоците околу договорот и предвидените казни, но не сите кредитори го прават тоа.

Дали го разбирам договорот во целост?

Прочитајте го договорот од почеток до крај / Вашиот Кредитен референт треба да ви даде доволно време. Разберете ги сите трошоци, казни, временски ограничувања и начини на плаќање.

Прашајте го Вашиот Кредитен референт да ви помогне за да ги разберете сите точки. Секогаш барајте објаснување на деловниот/финансиски жаргон кој се користи во договорите (пр. Прашајте што значат термините како: стапка на вкупни трошоци , ануитет, номинална каматна стапка , итн.)

Не се брзајте – земете го договорот дома и размислете – не избрзувајте со потпишување на нешто што не го разбирате во целост.

Што треба да направам доколку не сум задоволен?

Ве молиме информирајте не ако не сте задоволни

Секогаш искористете го вашето право за жалба

Ве молиме контактирајте со некој вработен од Хоризонти (лично, email, или телефонски)

Вашето мислење ни помага да ги подобриме услугите за нашите клиенти.

Контролирајте го Вашиот долг – не дозволувајте долгот да Ве контролира Вас!

Преголемо задолжување може да доведе до проблеми со отплата

Избегнувајте истовремено повеќе кредити: со неколку кредити сте изложени на поголем ризик од презадолженост.

Земете кредит за паметни и корисни инвестиции, избегнувајте земање кредити за работи што ги сакате, но не ви требаат.

Внимавајте на вашата кредитна историја, записите во вашето досие остануваат засекогаш.

Не прифаќајте да земате кредит за друго лице.

Бидете внимателни кога сте гарант за кредит за некој друг.

Разговарајте со Кредитниот референт на Хоризонти доколку сте во неволја – ние сме тука да Ви помогнеме.

Микрокредитна фондација Хоризонти

Адреса: бул. Св. Климент Охридски 58Б/2-3/1,
1000 Скопје, Р. Македонија

+ 389 2 3093 371

+389 2 3093 376

info@horizonti.org.mk

www.horizonti.org.mk