Практиканство

Програма за волонтерство

Волонтерскиот програм во Хоризонти датира од самиот почеток. Досега преку 100 кандидати биле дел од овој програм, кој нуди голема можност за продолжување на професионалнта кариера во областа на микрокредитирањето.

Преку Волонтерскиот програм Хоризонти овозможува градење на квалификуван кадар за идните потреби на кредитните одделенија. Успешно евалуираните Волонтери се стекнуваат со предност при селекција на идните Кредитни Референти.

Волонтерскиот програм трае минимум 3 месеци и се одвива во филијалите на Хоризонти ширум земјата. За време на волонтирањето кандидатите низ континуирана обука стекнуваат практични знаења и вештини поврзани со работните задачи и одговорности на Кредитниот референт.

Подобни кандидати за Волонтери

Млади и динамични лица на возраст од (19-30 години) со минумум завршено средно образование и желба за лична надградба и учење во областа на микрокредититрањето за специфични социјални групи.

КРЕДИТЕН КАЛКУЛАТОР

експозитури

КОНТАКТ

Микрокредитна Фондација ХОРИЗОНТИбул. Св. Климент Охридски 58Б, влез 2, кат 31000 Скопје, МакедонијаТел.: +389 (0)2 309 3681Факс: +389 (0)2 309 3376E-mail: kontakt@horizonti.org.mk

МРЕЖА НА ЕКСПОЗИТУРИ

експозитури