Јагода Деспотовска

Јагода е 47 годишна мајка на две деца.Таа е клиент на Хоризонти од 2001 година. Бизнисот на Јагода е производство на слаткарски производи.

Јагода го започна својот бизнис пред 11 години, а во врска со почетоците на бизнисот го истакна следното:
“Бизнис идејата се роди 2-3 години пред стартувањето на бизнисот.На почетокот се занимавав само со трговија на слаткарски производи а не и со нивно производство. Продажбата на слаткарски производи ја вршевме заедно со мојот брат. Поседувањето на големо знаење во однос на производствениот процес на слаткарските производи, стекнатото искуство во однос на пазарната побарувачка за овие производи како и стекнатите редовни клиенти ми овозможија да ја искористам шансата за продажба на сопствени слаткарски производи на пазарот.”

Производствениот капацитет на Јагода во почетокот изнесуваше производство на 200 парчиња слаткарски производи на ден. Денес тој број изнесува 4.500 парчиња.

“Бизнисот го започнав сама, во една мала соба во склоп на мојата куќа, со еден стар шпорет. Кредитите на Хоризонти исклучително ми помогнаа во проширувањето на бизнисот, имајќи го предвид фактот дека не ми беше дозволен пристап до кредити во другите финансиски институции. Го инвестирав мојот прв кредит во набавка на 3 печки. Последователните кредити беа искористени за изградба на работен простор.”

Јагода во моментот го отплаќа нејзиниот 17ти кредит од Хоризонти. Денешните основни средства за работа кои ги поседува Јагода вклучуваат: 10 печки, 4 фрижидери, еден голем шпорет, едно возило за дистрибуција на производите. Бизнисот брои 5 вработени во производство и 2 во дистрибуција. Денес таа користи паралелни кредити, еден Групен кредит во износ од 900 евра за обртни средства и еден Индивидуален кредит во износ од 3.000 евра за мали инвестициони потреби.

Идните планови на Јагода:

“Планирам да го проширам својот бизнис преку отворање на слаткарска продавница, како би можела да ги нудам сопствените слаткарски производи директно на клиентите, а воедно и да искористам можност за изградба на дополнителен простор за производство. Наредните кредити ќе бидат искористени за набавка на потребната опрема. Јас сум сигурна дека соработката со Хоризонти ќе продолжи и во иднина како што беше и во минатото.”

КРЕДИТЕН КАЛКУЛАТОР

експозитури

КОНТАКТ

Микрокредитна Фондација ХОРИЗОНТИбул. Св. Климент Охридски 58Б, влез 2, кат 31000 Скопје, МакедонијаТел.: +389 (0)2 309 3681Факс: +389 (0)2 309 3376E-mail: kontakt@horizonti.org.mk

МРЕЖА НА ЕКСПОЗИТУРИ

експозитури