Хабитат Македонија организираше волонтерскиот ден

Хабитат Македонија организираше волонтерскиот ден чија цел беше обезбедување помош во изградбата на домот на семејството Усеин, во населбата Циглана. Ова семејство пред една година целосно го изгуби својот дом во пожар што го зафати целото соседство. Благодарејќи на помошта обезбедена од Владата, Град Скопје и Општината Бутел, опожарените куќи беа повторно изградени, меѓутоа уште доста работи останаа да бидат обезбедени за куќите да станат удобни домови за овие семејства. Затоа, Наташа и Орхан Усеин имаат земено заем од Фондот за Роми и маргинализирани, програма на Хабитат Македонија и Хоризонти, и заедно започнаа да ја планираат финализацијата на нивниот дом. Учество во волонтерскиот ден зема сопругата на Амбасадор на САД во РМ, г-ѓа Мери Џо Волерс, која воедно е и почесен член на управниот одбор на Хабитат Македонија. Таа со волонтерски тим од Американската Амбасада се вклучи во изведбата на тековните градежни работи, а во работата се вклучија и неколку вработени од Хабитат и Хоризонти. Интервенциите на волонтерите кои се реализираа во рамки на волонтерскиот ден во домот на семејството Усеин вклучуваа: поставување на стиропор на надворешните ѕидови (термо изолација), поставување на термо изолација на таванот во бањата, завршување на стреите и комплетирање на фасадниот слој. Од една страна денешното волонтирањето ќе му помогне на ова семејство значително да ги намали трошоците за реконструкцијата во домот со што ќе обезбеди максимално искористување на заемот, а од друга страна пак ќе го потсети соседството за потребата од подавање рака на оние кои имаат потреба од помош.

КРЕДИТЕН КАЛКУЛАТОР

експозитури

КОНТАКТ

Микрокредитна Фондација ХОРИЗОНТИ
бул. Св. Климент Охридски 58Б, влез 2, кат 3
1000 Скопје, Македонија
Тел.: +389 (0)2 309 3681
Факс: +389 (0)2 309 3376
E-mail: kontakt@horizonti.org.mk

МРЕЖА НА ЕКСПОЗИТУРИ

експозитури