Вистински
Партнер на
Вашиот
Бизнис

Пофалби и приговори

Почитувани клиенти,

 

Сите сугестии, пофалби и приговори за нашите производи и услуги се важни за нас во насока на натамошно нивно подобрување, со што придонесувате за поуспешна соработка, за која ние Ви се заблагодаруваме. Задоволување на Вашите потреби со нашите услуги е целта на која ние сме посветени во секој аспект на нашата работа.

 

1. ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОФАЛБИ И СУГЕСТИИ

 

Доколку чувствувате потреба да го искажете Вашето задоволство од соработката со нас и нашите услуги или пак имате некоја сугестија и предлог која е во насока на подобрување на нашата понуда и соработка, би ви биле благодарни доколку истото го споделите со нас преку панелот за пофалби и сугестии, поставен на нашата веб страна.

 

2. ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИГОВОРИ

 

Хоризонти овозможува на своите клиенти да поднесат приговор за работата на вработените, филијалите како и на целокупната организација.

Доколку во соработката со Хоризонти се соочите со:

 

 - неадекватно однесување на било кој од вработените на Хоризонти;

 

 - непостапување од страна на вработените или организацијата согласно одредбите и условите од договорот за заем;

 

 - материјална штета, произлезена од договорот за заем и другата кредитна документација;

 

 - кршење на правилата и процедурите поврзани со кредитното работење и кодексите, од страна на вработен во Хоризонти;

 

 - сторена неправда и селективна примена на политиките, процедурите и критериумите во однос на други корисници;

 

 - незадоволство од начинот на кој е пропишана соработката со Хоризонти и нејзините вработени;

 

Ве молиме веднаш да реагирате како би можеле да преземеме корективни дејствија од наша страна. Вашето мислење е она што ние посебно го цениме, а вашите очекувања и потреби се она што настојуваме да го исполниме.

 

Приговорите може да ни ги доставите на еден од следниве начини:

 

 - Во писмена форма на една од адресите на Хоризонти (директно на вработените или преку пошта) со ознака дека станува збор за приговор

 

 - По e-mail

 

 - Директно на нашата веб страна преку панелот за приговори (подолу)

 

Вашите приговори ќе бидат разгледани согласно интерните политики на Хоризонти, и ќе добиете одговор во рок од најдоцна 30 (триесет) дена од денот на поднесување на приговорот.

 

3. ПАНЕЛ ЗА ПОФАЛБИ, СУГЕСТИИ И ПРИГОВОРИ

 

Ве молиме внесете ги вашите точни податоци и наведете во образложението дали станува збор за: пофалба, сугестија или приговор. Сите полиња се задолжителни.

 

 







 






Прашалник

При изборот на финансиска институција за вашиот бизнис најмногу ви влијае:








Награди и признанија

Практиканство

Хоризонти Микрокредитирање нуди можност за практиканство и вработување на млади, тимски ориентирани, амбициозни луге.


повеќе
© 2011 by Horizonti. Developed by ASPEKT.