Вистински
Партнер на
Вашиот
Бизнис
Бранкица Л.Стојковска е 39 годишна успешна деловна жена, сопруга и мајка на две деца. Од 2000-та година, таа го започна својот бизнис во областа на малопродажба на женски текстил. На самиот почетокот изнајми дуќан во еден од најголемите трговски центар во главниот град, за подоцна да отвори уште два дуќани, еден во истиот трговски центар, а другиот дуќан на друго истотака атрактивно место за купување.
"Најважното нешто во врска со мојот бизнис е фактот што низ текот на целото мое работење, јас имам финансиска интитуција која ме поддржува во секој чекор на мојот деловен и личен успех. Зборувам за Хоризонти институција со која соработката започна уште од самиот почеток. Првиот кредит кој го подигнав изнесуваше 250 евра, сума која ја подигнав во солидарна група заедно со уште 5 останати жени претприемачи.Се до денес имам позајмено вкупно 13 групни кредити. Како добар клиент, ја искористив можността да користам и индивидуален кредит во износ од 3.200 евра. Благодарана сум на Хоризонти за спроведувањето на финансиската поддршка низ годините".- вели Бранкица.
После 11 години постоење на пазарот Бранкица денеска има 6 вработени, три дуќани, одлични организаторски способности и стабилна финансиска состојба. Таа е одличен пример за претприемач кој навреме може да ги препознае можните бизнис ризици, и побарувачката ја адаптира на потребата на потрошувачите. На пазарот таа успеа да изгради бренд од нејзиниот бизнис. Доколку се спомне името Модива (името на нејзините дуќани) секој ќе препознае за што зборувате. Нејзината лојалност кон Хоризонти ја докажува со фактот дека за нејзиниот бизнис освен од Хоризонти од ниедна друга банка не позајмува кредити.
Јагода е 47 годишна мајка на две деца.Таа е клиент на Хоризонти од 2001 година. Бизнисот на Јагода е производство на слаткарски производи.
Јагода го започна својот бизнис пред 11 години, а во врска со почетоците на бизнисот го истакна следното:
“Бизнис идејата се роди 2-3 години пред стартувањето на бизнисот.На почетокот се занимавав само со трговија на слаткарски производи а не и со нивно производство. Продажбата на слаткарски производи ја вршевме заедно со мојот брат. Поседувањето на големо знаење во однос на производствениот процес на слаткарските производи, стекнатото искуство во однос на пазарната побарувачка за овие производи како и стекнатите редовни клиенти ми овозможија да ја искористам шансата за продажба на сопствени слаткарски производи на пазарот.”
Производствениот капацитет на Јагода во почетокот изнесуваше производство на 200 парчиња слаткарски производи на ден. Денес тој број изнесува 4.500 парчиња.
“Бизнисот го започнав сама, во една мала соба во склоп на мојата куќа, со еден стар шпорет. Кредитите на Хоризонти исклучително ми помогнаа во проширувањето на бизнисот, имајќи го предвид фактот дека не ми беше дозволен пристап до кредити во другите финансиски институции. Го инвестирав мојот прв кредит во набавка на 3 печки. Последователните кредити беа искористени за изградба на работен простор.”
Јагода во моментот го отплаќа нејзиниот 17ти кредит од Хоризонти. Денешните основни средства за работа кои ги поседува Јагода вклучуваат: 10 печки, 4 фрижидери, еден голем шпорет, едно возило за дистрибуција на производите. Бизнисот брои 5 вработени во производство и 2 во дистрибуција. Денес таа користи паралелни кредити, еден Групен кредит во износ од 900 евра за обртни средства и еден Индивидуален кредит во износ од 3.000 евра за мали инвестициони потреби.
Идните планови на Јагода:
“Планирам да го проширам својот бизнис преку отворање на слаткарска продавница, како би можела да ги нудам сопствените слаткарски производи директно на клиентите, а воедно и да искористам можност за изградба на дополнителен простор за производство. Наредните кредити ќе бидат искористени за набавка на потребната опрема. Јас сум сигурна дека соработката со Хоризонти ќе продолжи и во иднина како што беше и во минатото.”
Кадрие Јашаровска целиот свој брачен живот го има поминато во соба од 20 м2 која се наоѓа во склоп на куќа која е во сопственост на нејзиниот свекор.
Кадире и нејзиниот сопруг Елес во текот на сите години некако успевале да се снајдат и да живеат во такви услови, но ваквата ситуација наишла на драматична промена откако во нивните животи влегуваат нивните деца близнаци Илмија и Имер. Како што близначињата, момче и девојче, растеле така и се зголемувал проблемот во однос на недостаток на простор за живеење.
Куќата со три посебни соби која семејството ја делело со свекорот секако не била толку мала за пет члено семејство. Но сепак главниот проблем бил во тоа што една од овие три соби во целост била оштетена од влага. Оваа куќа била изградена во 1967 година и од тогаш е реновирана само еднаш,а и при наведеното реновирање била опфатена само едната половина од куќата кој ја користел нивниот свекор. Од преостанатите две соби во куќата, Јашаровски биле принудени да ја користат онаа соба која помалку била отштетена во текот на годините, додека целосно оштетената соба ја користеле како просторија за складирање.
Со кредитот од Хоризонти во износ од 100,000 денари, Јашаровски во целост извршија реновирање и реконструкција на оштетената соба која пред зафатот бил импровизиран простор целосно оштетен и чиј покрив во секој момент можел да пропадне. Оштетените прозори кои Кадире најчесто ги покривала со ќебиња како би го спречила студот во собите, биле заменети со нови прозори.