Вистински
Партнер на
Вашиот
Бизнис
ХОРИЗОНТИ е основан во Јануари 2000 год., како проект за микрокредитирање на Catholic Relief Services U.S.C.C. (Католички Служби за Помош – ЦРС), во Р.Македонија. Примарни цели на проектот беа обезбедување пристап до финасиски услуги - микрокредити до претприемачите во земјава и создавање на локална самоодржлива микрофинасиска институција. Со оперативно работење се започна во Март 2000 година кога беа исплатени првите кредити преку канцеларија од Скопје. Проектот беше финансиски и технички поддржан од страна на ЦРС и други познати и реномирани меѓународни донатори. Во Јуни 2005, проектот се локализира со основање на Фондација ХОРИЗОНТИ, согласно Законот за Здруженија на Граѓани и Фондации. Основач на фондацијата е ЦРС додека управувањето е во надлежност на независен Управен Одбор.
Во досегашното работење ХОРИЗОНТИ има опслужено околу 10,000 клиенти и исплатено над 30,000 заеми, преку 8-те филијали низ територијата на Р. Македонија.