Вработените од Хоризонти се должни да се однесуваат со клиентите и трети лица, професионално, чесно и непристрасно. При секојдневните активности, вработените се должни да се придржуваат и да ги применуваат општо прифатените правила на пристојно деловно однесување, односно:
-
Да се обраќаат со почит и насмевка и никогаш да не се однесуваат супериорно, понижуваки, или индиферентно;
-
Мирно, сталожено и трпеливо да ги решаваат недоразбирањата и проблемите кои можат да произлезат во комуникацијата, без да се користат навредливи зборови;
-
Да ги упатат до своите претпоставени, доколку оценат дека не можат да ги решат проблемите согласно своите надлежности и овластувања;
-
Да избегнуваат и спречуваат расправии, провокации и конфликти;
-
Да даваат точни и целосни информации, без разлика на етничката, национална, полова и верска припадност